Ќе заштедите многу пари: Направете таблети за миење садови од домашни состојки
16 јануари, 20230
Со минимум напор, добивате ефикасен детергент
Ако сакате да заштедите пари или да ги замените скапите таблети за миење садови кои содржат хемикалии со природни и поевтини, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате во кујнскиот шкаф и малку време.
Состојки:
100 гр сода бикарбона
100 гр лимонска киселина
100 гр сол
сок од еден поголем лимон или две лимети
калап за 20 коцки мраз
Подготовка:
Соединете ги сувите состојки, па додајте ги сокот од лимон и лимета. Смесата треба да биде средно густа, а потоа истурете ја во калапите.
Ставете во замрзнувач и оставете околу осум часа. Можете да ги чувате во фрижидер за кога ќе ви затребаат.