Џенифер Лопез има ПОДБРАДОК кој го крие со ОВАА ТЕХНИКА: Пејачката знае посебен трик за шминкање

popara18 март, 20231min00
676 (1)

Џенифер Лопез ја дефинира вечната убавина, па не е чудно што жените ширум светот се заинтригирани „како го прави тоа“ и на 53 години. Многумина се фасцинирани од нејзиниот изглед, а жените особено сакаат да знаат како поп дивата го крие подбрадокот.

Многу жени и се восхитуваат бидејќи успева да одржи привлечен и младешки изглед и покрај тоа што е во шестата деценија од животот. Додека едни ја критикуваат со коментари дека сето тоа е резултат на ботокс, филери и пластични операции, други посочуваат дека многу други пејачки и актерки ги имаат на располагање истите средства, но тие не изгледаат ни приближно добро.

Експертите за естетски зафати велат дека Џеј Ло со мерка и навреме средила се на лицето. Избегнувала интервенции кои драстично би го промениле нејзиниот изглед. Добрата генетика и упорната нега, како и потемната кожа која е поотпорна на штетното влијание на сончевите зраци и помогнале на младоликата латинска ѕвезда.

Сепак, дивата не крие дека мора да користи и трикови за шминкање. Сака малку да го стеснува широкото чело, а за добри фотографии е заслужна и техниката на контурирање на лицето.

За ова пејачката користи темен бронзер и посветол коректор, а главни точки и се образите и брадата. Таа го променила начинот на кој ги контурира јагодиците, па сега веќе не нанесува бронзер до самиот центар на образите, туку малку повеќе. Тоа и дава уште помладешки изглед.

Таа никогаш не пропушта да ја намачка брадата за да добие светкав ефект. Од брадата до крајот на виличната коска, Џенифер нанесува темен бронзер и потоа внимателно ги блендира рабовите.

„Не плашете се од шминката. Вишокот лесно ќе го отстраните со чиста четка, само внимавајте боите добро да се соединат“, истакнува Лопез.