Џеф Безос внимателен овојпат: Ја „заклучил касичката прасенце“ и не сака да ги дели милијардите со сопругата!

28 мај, 20230
Screenshot_8

Сметката на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос по разводот со првата сопруга, Мекензи Скот била „олеснета“ за 38 милијарди долари.

 

 

 

Од поранешната сопруга добил финансиски удар, бидејќи немале потпишано предбрачен договор. Откако се „изгорел“ првиот пат, одлучил да влезе во втор брак, сигурен дека ќе може да се извлече од истиот без да изгуби и најмал дел од богатството.

 

Веднаш по свршувачката, адвокатите на Џеф Безос и Лорен Санчез имале „полни раце со работа“. Пред да стапат во брак, на барање на Безос мора да се склопи предбрачен договор во кој милијардерот би го осигурал својот имот. Џеф ја запросил својата сакана со дијамантски прстен од 20 карати, кој чинел 2,5 милиони долари, додека тие пловеле на неговата јахта вредна половина милијарда долари, во близина на Кан.

 

Безос не се штедел воопшто финансиски кога Лорен е во прашање, но немал намера да го дели своето богатство, доколку дојде до крај на бракот. Во оваа ситуација, Безос ги штити своите пари, додека Лорен своите недвижнини.

 

Во 2016 година, како голем вљубеник во хеликоптери и телевизиско новинарство, Лорен Санчез ја снимила серијата „Black Ops Aviation“ и работела за големи телевизиски куќи како што се ABC, Discovery Canada, Sony, Netflix, Extra i Blue Origin. Таа сакала да го задржи сето она што го заработила во текот на кариерата, како и Безос, во случај нивниот брак да се распадне.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *