Џеј Ло во „валкани“ фармерки: Најава за нов тренд или големо автоматско не?

popara27 декември, 20231min00
Џенифер Лопез

Се чини дека ваквите работи се уште ја изненадуваат пошироката јавност, па со појавувањето на опуштена прошетка успеа да предизвика бран коментари на социјалните мрежи.

Тешко е да се остане во чекор со сите различни тексас трендови. Еден момент се чинеше дека никогаш нема да излеземе од тесни фармерки,веќе следниот момент широките фармерки го земаа приматот.

Џенифер Лопез беше забележана како прави празничен шопинг во последен момент во Лос Анџелес во саботата. Таа се појави во ребраст,светло-кафеав џемпер со ролка.

Таа го спои изгледот со широки фармерки направени да изгледаат истрошено и извалкано од кал.На сето тоа додаде и пар чизми со потпетици светло кафени.Навистина изгледаше токму онака како што е облечена – дека не и е грижа за ништо.

Но пошироката јавност изгледа се уште е изненадена од ваквите работи, па со појавувањето на опуштена прошетка успеа да предизвика бран коментари на социјалните мрежи..

„5.000 долари за валкани фармерки??“, „Потребни се милиони за да изгледате сиромашно“, „Изгледа како механичар“, „Каде е модната полиција кога најмногу ви треба?“, „Можеби таа ги позајмила фармерките на Бен кога тој отишол во потрага по алкохол што таа му го сокрила, па немала време да се пресоблече“, „Класично однесување на богаташите“ – биле само дел од коментарите.

Што и да имала Џенифер на ум, запомнете една работа – навистина сè што ќе облечете ќе биде во тренд порано или подоцна, но не дозволувајте следењето на трендовите да ве натера да заборавите дека пред се треба да оставите впечаток дека навистина знаете што бирате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma