Населен уште од праисторијата,островот Корчула е вистинско богатство

27 декември, 20230
Корчула - Хрватска

Може да се пофали со должина на брегот од повеќе од 180 километри и изобилство на плажи, погодни за посетители со различни вкусови и афинитети.

Шестиот по големина остров во Јадранското Море, островот Корчула е вистинско историско богатство, бидејќи бил населен уште од праисторијата.

Припаѓа на групата централно далматински острови и зафаќа површина од околу 270 квадратни километри.

Може да се пофали со должина на брегот од повеќе од 180 километри и изобилство на плажи, погодни за посетители со различни вкусови и афинитети. Најблиску до него е полуостровот Пељешац, од кој, како што наведува  “Ikorculainfo”, го дели само Пељешкиот канал.

Интересни откритија на Корчула
Се верува дека овој, денешен хрватски остров, бил населен уште од праисторијата. Особено е интересно да се спомене дека во Вела Лука на Коручила се наоѓа еден од најдобро истражените археолошки локалитети.Утврдено е дека локалитетот Вела шпиља потекнува од неолитскиот период.

На мал остров наречен Бадија, откриени се камени ножеви, кои исто така потекнуваат од неолитскиот период.

Старите Грци го населиле островот во текот на шестиот век, а не долго потоа пристигнале Грците од Вис, кои основале населба во близина на градот Лумбарда. Островот подоцна бил управуван од Римјаните, потоа населен со Словени, а потоа со Венецијанците.

Владетелите на Корчула подоцна се сменија и секој од нив остави по некој белег на островот.

Корчула како туристичка дестинација
Кон крајот на 19 век Корчула почнала да се развива туристички,а во првите години на минатиот век на островот бил отворен првиот јавен базен.

Но, туризмот во вистинска смисла на зборот почна да се развива на овој остров дури во 60-тите години на минатиот век, кога интензивно се работеше и на инфраструктурата.

Имајќи предвид дека овој хрватски остров има умерена, многу пријатна клима, туризмот познат како здравствен туризам особено се развива на Корчула. Покрај тоа, на одредени локации на островот има и корисна кал.

Плажите на островот Корчула се многубројни и погодни за туристи од различни афинитети и потреби. Сместувачките капацитети се исто така доста задоволителни, имајќи предвид дека освен хотелите од висока категорија, на Корчула има и опција за приватно сместување, така што секој турист сигурно ќе го најде сместувањето кое најмногу му одговара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi