ЏИНС, КОЖА, ЦВЕТНИ ДЕЗЕНИ! Овие модели на панталони ќе бидат најпопуларни во текот на годината (ФОТО)

24 јануари, 20230
589665_pocket-g4339cb513-1920_f

Панталоните отсекогаш биле главното парче за добри аутфити, а судејќи по модните навестувања од светските центри, од Њујорк до Милано, оваа година ќе биде послободна во стиловите, па така ќе се носат фармерки, карго панталони, широки ногавици, цветни и животински дезени, но нема да ја потиснат кожата.

Доминацијата на кожата ќе продолжи и во 2023 година, но се поголемо внимание добива и тексасот.

Актерката Џенифер Анистон неочекувано стана еден од водечките модели за добри, старомодни фармерки со малку поширока ногавица, а изборот на Кендал Џенер се оние сосема рамните.

Опуштените памучни модели со широки ногавици како долни тренерки се хит за тинејџерките и сите оние кои се заљубија во удобноста од пандемијата, т.н. пижама стил.

Модните едиторијали во списанијата, како „Ел“, препорачуваат и панталони со широки ногавици, па доколку веќе имате ваков модел, ќе бидете во тренд и оваа година. Колку се пошироки ногавиците, толку подобро.

Карго панталоните со џебови се особено атрактивни во елегантни комбинации, со сакоа, кошули и штикли, а high street брендовите веќе ги најавуваат пролетните колекции со цветни и животински принтови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi