Минатогодишните културни престолнини беа Каунас во Литванија, Еш-сур-Алзет во Луксембург и Нови Сад во Србија. Според порталот Тајмаут, ова се некои од причините да се оди во Веспрем, Темишвар и Елеусис во 2023 година.
Дали барате одмор низ Европа во градови полни со култура, но не познати по навалата на туристи? Три одлични места за почеток се овогодинешните европски престолнини на културата – Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елеусис во Грција. Не сте слушнале за сите три? Дотолку подобро бидејќи истражувањето ќе биде уште послатко!
Ако се прашувате што точно значи да се биде европска престолнина на културата, знајте дека градовите се избираат од Европската комисија неколку години однапред. Во текот на годината, секој избран град ќе има програма на настани дизајнирани да го истакнат неговото културно богатство и различност.
Минатогодишните културни престолнини беа Каунас во Литванија, Еш-сур-Алзет во Луксембург и Нови Сад во Србија. Ова се дел од причините оваа година да се упатиме кон Веспрем, Темишвар и Елеусис.
Веспрем
Еден од најстарите градови во Унгарија, Веспрем се наоѓа југозападно од Будимпешта на северниот брег на езерото Балатон. Настаните оваа година вклучуваат буквално сè за секого. Од концерти на народна музика и танц и отворање на новата Куќа на уметностите до еколошки фестивал фокусиран на блиското езеро.
Темишвар
Овој град долго време беше еден од најпрометните центри во Романија, но во 2023 година неговата културна сцена ќе доживее голем подем. Со просечни 30 настани неделно, распоредот на трансилванискиот град вклучува фестивали посветени на сè, од панк и електронска музика до фигуративен танц, зелено живеење, па дури и кафе.
Елеусис
Градот, познат по своите антички грчки урнатини, но и по својата силна индустрија, оваа година ќе биде домаќин на неверојатни 465 продукции, вклучувајќи локални изложби на фотографии, јавни акробации и театарски претстави. Така, секој ден имате повеќе од еден настан во просек, така што овде нема да ви биде досадно.