3-те најважни цели што треба да си ги поставите за 2023-та, според вашиот хороскопски знак

popara15 јануари, 20232min00
Screenshot_8

Девици, престанете да го трошите целото време на телефонот, направете барем една промена во секојдневието која ќе ви го подобри животот и фокусирајте се само на пријателите кои вистински ве ценат.

 

 

 

Кон крајот на годината, сите сме амбициозни и мотивирани, па си поставуваме цела низа цели за следната година.

 

Факт е дека повеќето од овие цели се нереалистични, а голем број луѓе ги забораваат уште пред да дојде март.

 

Ако се препознавте, оваа година пробајте да си поставите пореалистични, но и поважни цели. Цели кои не бараат многу труд, но можат да направат голема разлика во вашиот живот.

 

Трите најважни цели што треба да си ги поставите следната година, според вашиот хороскопски знак:

Овен

  1. Фокусирајте се на проблемите кои мора да ги решите, наместо да ги игнорирате и да се надевате дека магично ќе исчезнат.

 

  1. Научете како да медитирате, односно научете како да се релаксирате и да го смирите мозокот.

 

  1. Пробајте секој ден да правите по едно добро за некоја личност. Не мора да биде нешто големо, доволни се и малите гестови, како да му ја придржите вратата на некој. Ова ќе ви биде потсетник дека околу вас има и други луѓе.

 

Бик

  1. Слушајте повеќе, а зборувајте помалку.

 

  1. Прифатете дека не можете да ги контролирате туѓите чувства и емоции.

 

  1. Најдете активности кои ќе ве направат среќни без да зависите од другите – вежбајте, прочитајте ја книгата што сакате, научете нешто ново, одете на авантура…

 

Близнаци

  1. Кога ќе се чувствувате лошо, разговарајте за вашите емоции наместо да ги криете.

 

  1. Пробајте да бидете подобар пријател – јавувајте им се на пријателите, прашувајте ги за нивниот ден, излезете со нив на кафе…

 

  1. Исполнувајте ги вашите ветувања или воопшто не давајте ветување ако не сте сигурни дека ќе можете да го исполните.

 

Рак

  1. Научете да им простувате на другите.

 

  1. Барем еднаш неделно одвојувајте време за некоја физичка активност.

 

  1. Проширете го кругот на пријатели и немојте да бидете затворени како досега.

 

Лав

  1. Почнете да ги истражувате областите кои ве фасцинираат, а за кои не знаете апсолутно ништо.

 

  1. Пробајте да се зближите со вашите колеги. Не мора да ви станат најдобри пријатели, но бидете повклучени во нивните животи, особено ако уживате во заедничките мигови на работа.

 

  1. Бидете дарежливи и кон себе. Во ред е одвреме-навреме да се разгалувате со подароци, ден во спа-центар или што било што ве прави среќни.

 

Девица

  1. Престанете да трошите толку многу време на телефонот, особено пред спиење.

 

  1. Направете барем една промена во вашето секојдневие која знаете дека ќе ви го подобри животот – хранете се поздраво, намалете со алкохолот, почнете да вежбате…

 

  1. Повеќе фокусирајте се на вашите вистински пријатели кои ве ценат и не трошете време на токсични личности.

 

Вага

  1. Престанете да „зјапате“ во телефонот кога сте излезени со пријатели.

 

  1. Престанете да донесувате импулсивни одлуки и добро размислувајте пред да одлучите што било.

 

  1. Проширете го вашето знаење од разни области – читајте повеќе, гледајте документарци, запишете се на некој курс и слично.

 

Скорпија

  1. Не ги игнорирајте проблемите со менталното здравје и направете сè во ваша моќ за да го подобрите.

 

  1. Поминувајте помалку време на социјалните мрежи. Не мора целосно да се откажете, туку воспоставете некаква контрола.

 

  1. Најдете време за хоби кое не е поврзано со вашата работа, а кое ви причинува задоволство, и барем еднаш неделно фокусирајте се на тоа.

 

Стрелец

  1. На почетокот од секој месец поставувајте си по неколку мали и реалистични цели кои ќе ви го подобрат животот.

 

  1. Бидете пореалистични со вашите очекувања од 2023 година, а ако ви треба помош, не двоумете се да ја побарате.

 

  1. Поработете на вашата организација – направете рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот, добро организирајте си го времето и немојте да живеете хаотично.

 

Јарец

  1. Најдете начин да се релаксирате кога ќе завршите со работа. Дозволете си да се опуштите без чувство на вина.

 

  1. Престанете да одговарате на мејлови од работа по работното време.

 

  1. Секогаш кога можете, помагајте им на луѓето околу вас.

 

Водолија

  1. Почнете да се потпирате на вашите сакани и немојте да страдате во тишина кога минувате низ тежок период.

 

  1. Бидете посвесни за вашето опкружување.

 

  1. Фокусирајте се на некоја хуманитарна цел, без разлика дали тоа ќе биде со донирање средства или волонтирање.

 

Риби

  1. Правете повеќе работи само за себе. И, нема потреба да им ги објаснувате на другите.

 

  1. Научете како да уживате во вашето друштво. Научете да уживате во самотијата.

 

  1. Почнете да истапувате за себе и престанете да им дозволувате на другите да ве газат.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma