Со овие неколку трикови ќе исчистите чевли, дамки од шминка, но и недостапни места.
Кога станува збор за чистење на работи како чевли, шпорети и дамки од шминка, треба да знаете дека постојат трикови кои драстично ќе ви го олеснат тоа.
Општо познато е дека чевлите од велур или превртена кожа се малку потешки за чистење, но една алатка која жените ја користат за отстранување на шминката ќе биде трик од ракав. Станува збор за мицеларната вода.
Натопете памук во мицеларна вода, а потоа истријте ги чевлите и оставете ги да се исушат. Дамките ќе се отстранат без проблем.
Ешко достапните места ќе можете да ги исчистите со чепкалка за заби и хартија.
Најлесен начин да ги исчистите тешко достапните делови, како што е просторот кај вградената рерна, е да завиткате чепкалка за заби во хартија и на тој начин да ја отстраните нечистотијата.
Отстранете ги дамките од шминка на јаката со пена за бричење. Само нанесете ја, исчеткајте ја и дамките ќе исчезнат.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.