Тело обоено во црвена боја, корсет од свила и 30.000 кристали на себе. Вака пејачката Доџа Кет го привлече сето внимание на себе кога се појави на отворањето на ревијата на модната куќа Шиапарели во Париз.
Нејзиното „облекување“ за ова јавно појавување траело четири часа, а кристалите од Сваровски биле рачно нанесени на нејзиното тело.
Креацијата ја осмислиле Данијел Роузбери, креативниот директор на Шиапарели и британската шминкерка Дејм Пет Мекграт.
Шминкерката изјавила дека Доџа покажала неверојатно трпение, а крајниот резултат го опишала како „магично ремек дело“.
J’ai revu ma tante @DojaCat ❤️ pic.twitter.com/qnrYohjGf0
— 🪐♡ (@Tomatooo01) January 23, 2023