Сезоната на празници полека се наближува, периодот од годината кога многумина од нас патуваат и одат на некои можеби и потопли места или едноставно тргнуваат во нова авантура. По тој повод го избираме најдоброто сместување, а хотелите често ни се прв избор.
Хотелските работници дадоа неколку совети како да се однесувате во нивниот објект, односно што е потребно, а што не е пожелно. Ајде да одиме по ред.
1. Не чекајте да дадете бакшиш на крајот од вашиот престој
Бакшишот е задолжителен кога престојувате некаде каде што другите подготвуваат се за вас. Но, кога престојувате во хотел, важно е и кога давате бакшиш. Совет од хотелиерите е да не го чекате последниот ден од престојот, туку да ги почестите во одреден момент. Верувајте, двојно ќе ви вратат.
2. Собите не се звучно изолирани
Внимавајте како се однесувате во четирите ѕида од собата бидејќи често ѕидовите не се добро изолирани, дури и во некои луксузни хотели. Затоа, ако одлучите малку да се опуштите со партнерот, не се опуштајте премногу, за соседите од околните соби да не ве гледаат чудно затоа што сте ги вознемириле. Намалете го шумот на минимум.
3. Не фрлајте послужавници во ходниците
Доколку сте нарачале оброк во вашата соба, а по неговото завршување не знаете што да правите со валканите садови, она што е сигурно е дека не треба веднаш да ги исфрлите во ходникот на хотелот, без претходно да се јавите на рецепција и да ги информирате нив за тоа. Ако сакате да го направите тоа, тогаш прво информирајте ги собарките дека пред вашата врата ќе останат остатоци од оброкот.
4. Бидете љубезни
Дури и да не сте презадоволни од услугата што сте ја добиле, не е на одмет да им се насмевнете на вработените бидејќи никогаш не знаете зошто тие биле нерасположени кон вас тој ден. Сите што работат во хотелот се трудат да ви излезат во пресрет, затоа ве молиме бидете љубезни.