Бред Пит е „фатен“ од папараците со 26 години помладата девојка Инес (ФОТО)

10 јули, 20240
Screenshot_1

Бред Пит и неговата 26 години помлада девојка Инес де Рамон се фотографирани при ретко излегување во јавност.

 

 

 

 

Папараците ги снимиле како пристигнуваат на Формула 1 трката во Велика Британија. Судејќи по фотографиите, парот бил расположен и се држеле за рака.

 

Доаѓањето на Пит на патеката во Формула 1 беше донекаде очекувано со оглед на тоа што моментално снима филм за Формула 1, и тоа во Велика Британија. Сепак, обожавателите на актерот не очекуваа дека Инес ќе дојде со него.

 

Потсетуваме, Пит по разводот со Анџелина Џоли излегуваше со други жени, но ниту една од тие врски не прерасна во нешто сериозно, се додека не ја запозна Де Рамон.

 

Инес претходно била во брак со ѕвездата од „Дневниците на вампирите“, Пол Весли, со кого се омажи во 2019 година. Меѓутоа, во мај 2022 година, брачната идила заврши и тие се разведоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma