Восочна фигура со ликот на Бијонсе изложена во музеј во Париз (ФОТО)

9 јули, 20240
Screenshot_6

Новата восочна фигура на Бијонсе е откриена во музејот „Гревин“ (Grevin) во Париз, Франција, а обожавателите се сомневаат во нејзината сличност со ѕвездата.

 

 

 

Восочната фигура на пејачката во природна големина беше откриена во четвртокот. Француска двојничка на Бијонсе во музејот седи во долг, лелеав фустан со длабоко деколте, а косата ѝ е пуштена во нежни бранови.

 

Изгледот го имитира стилот на пејачката со нејзините долги прамени украсени со силна шминка, сребрени високи потпетици и накит.

Сепак и покрај напорите да се направи восочната фигура да изгледа токму како поп-ѕвездата, фановите не беа задоволни од исходот.

 

Пред неколку години Бијонсе доби восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“, но наиде на бројни поплаки. Имено, восочната фигура имала светол тен, а од музејот објасниле дека за тоа е виновна комбинацијата на осветлувањето во музејот со светлината на фотографскиот блиц.

 

Иако музејот се обиде да ја поправи спорната фигура и го промени осветлувањето и стајлингот, многумина тврдат дека пејачката е „непрепознатлива“.

 

Инаку, Бијонсе неодамна го објави долгоочекуваниот албум „Cowboy Carter“ и ги воодушеви своите фанови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma