ЗОШТО ДИЕТАТА НЕ ДЕЛУВА? Грешки поради кои уште повеќе се здебелувате

8 јули, 20240
Screenshot_11
  1. Потпирање на експрес диетите

 

Ако одлучивте во една недела да намалите 4-5 килограми, треба да знаете дека сте се впуштиле во една луда метаболитичка игра. Можеби вашиот план на исхрана предвидува само јаболко, чорба или зелка на дневното мени? Дневното внесување калории го намаливте на помалку од 1.000? И секако – килограмите се топат. Но кога се прехрануваме со толку малку калории, метаболизмот успорува. А кога диетата ќе заврши, вам ви останува телото кое побавно согорува калории – и натрупува килограми побргу него било кога.

 

  1. Прескокнување на доручекот

 

Прескокнувањето на овој оброк можеби ви делува како едноставен начин за намалување калории, но резултатот би можел да биде незаситен апетит во останатиот дел од денот. Може да доведе до непланирани мали залци полни со шеќери или огромни порции за ручек. Здравиот доручек со висок процент на протеини и влакна може да го намали апетитот во останатиот дел од денот.

 

  1. Неконтролирано грицкање меѓу оброците

 

Едно колаче сега, една топка сладолед подоцна – и веќе се насетува саботажата на било која диета. Доколку сакате сериозно да го спроведете планот за слабеење, пресметајте ги во него и залаците меѓу оброци.

 

  1. Нема јадење меѓу оброците

 

Здравото грицкање на некое овошје или зрнести плодови меѓу оброците ќе го намали чувството на глад и потребата за прејадување кога ќе дојде на ред главниот оброк. Овие мали залаци го одржуваат нормалното работење на метаболизмот, а студиите покажале дека луѓето кои јадат зрнести плодови имаат поздрава телесна тежина од другите.

 

  1. Прејадување со намирници кои имаат мал процент на маснотии

 

Продуктите со малку маснотии не мора да значи дека се и продукти со помалку калории. Освен тоа, ваквите производи не ви даваат дозвола за прејадување. Ако претерате, конечно би можело да испадне дека внесувате повеќе калории од било кога.

 

  1. Пиење на премногу калории

 

Пијалаците не се сметаат? Ова е голема грешка доколку би знаеле дека едно кафе со шлаг или алкохолен пијалак може да имаат и повеќе од 500 калории. На вашиот стомак ќе се залепат и калориите од сокот, а што е уште полошо, после калоричниот пијалак апетитот не се гаси.

 

  1. Премало внесување на вода во организмот

 

Оваа грешка може најслесно да се корегира. Водата е потребна за согорување на калориите. Ако дозволите вашето тело да дехидрира, метаболизмот нема да ви работи како што треба и побавно ќе ги троши калориите. Возрасните луѓе кои пијат 8 или повеќе чаши вода на ден согоруваат повеќе калории од оние кои внесуваат помалку вода. Потрудете се покрај секој оброк или ужина да се напиете чашка вода.

 

  1. Исфрлање на млечните производи

 

За многумина на диета, млекото, сирењето и сладоледот се забранета храна, но исфрлањето на млечните производи може да се покаже и како контрапродуктивно. Одредени истражувања покажуваат дека телото произведува повеќе маснотии ако нема доволно калциум. Суплементите на калциумот го немаат истото дејство како калциумот од млекото, што значи дека млечните производи содржат уште нешто. Наместо да ги избегнувате потполно, конзумирајте ги оние со помал процент на масност.

 

  1. Секојдневно мерење на килажата

 

Секојдневното застанување над вагата е најдобриот начин да се исфрустрирате и да не ги добиете корисните информации за вашата диета. Многу е подобро да се мерите на неделна база, на пример, доколку имате за цел да губите по половина килограм неделно. Резултатите ќе ве развеселат бидејќи нема да се соочите со дневните „загрижувачки“ варијации на тема килограми туку со неделниот резултат.

 

  1. Избегнување на телесни вежби

 

Ако не тренирате воопшто, тежината за постигнување на целта ја сведувате исклучиво на прехраната. Но доколку сте активни режимот на исхрана и не мора да биде премногу строг. Клучно е да се пронајде некаква физичка активност во која уживате – и слободно побарајте ја, се додека не ја пронајдете онаа која најмногу ви одговара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma