Јазикот е најсилниот мускул во човековото тело кој ја подготвува храната за џвакање и е примарен орган за вкус. Функцијата на неговиот изглед е многу поважна отколку што мислиме, бидејќи покрај лекарскиот картон, според кинеската медицина, на него се испишани и состојбите на нашиот организам.
Ви претставуваме десет промени на јазикот со чија помош ќе можете да ја идентификувате состојбата на вашето здравје. Погледнете го вашиот јазик и споредете со сликата во каква состојба тој се наоѓа, потоа прочитајте ги објаснувањата подоле.
- Нормален јазик – розев, без траги од заби или дисколорација, со јасен слој кој ја покажува правилната плунковна секреција.
- Тенок бел површински слој, видливи траги од заби и неколку црвени точки – ваквиот изглед на јазикот се однесува на недостаток од витална енергија во телото која предизвикува замор, лош апетит и претерано потење. Тоа се манифестира и на расположението, па таквите луѓе најчесто се загрижени и нервозни.
- Тенок жолт слој на средина опкружен со црвен остаток на површината на јазикот – ваквиот изглед на јазикот се однесува на проблеми со запек, дехидрација и кожни болести. Сето тоа се манифестира на расположението, па луѓето со таков јазик обично се со променливо расположение.
- Месен бел слој, отечени рабови на јазикот – ваквиот изглед се однесува на неурамнотежената работа на дигестивниот систем, и тенденција на собирање вода во организмот. Луѓето во ваква состојба најчесто се чувствуваат исцрпени и се без волја.
- Црни точки на розевата површина – се однесуваат на застој во крвта во деловите од телото кои можат да предизвикаат проблеми со вените, „тешки нозе“, главоболка, болка во градите и кожа без сјај.
- Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – оваа состојба открива како е изложен организмот на постојан стрес кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во зглобовите на кои им предизвикува воспаление.
- Црвен јазик со жолти дебели наслаги по средината на површината – ова е показател на покачена телесна температура која се однесува на можните инфекции на мочните патишта, проблеми со кожата чија површина е леплива. Луѓето со такви проблеми често се лути и не се чувствуваат удобно во своето тело.
- Густ бел слој по средината на површината на блед и отечен јазик – изглед кој насочува на инфекција или пак на воспаление кое е поврзано со некоја автоимуна болест, недостаток на витамини и минерали. Таквата состојба предизвикува блед тен, болки во грбот и чувство кое често се граничи со паника.
- Пукнатини на црвената површина на јазикот – ова се однесува на габична инфекции во телото кои ги следи ноќно потење, несоница, иритација.
- Јазик чија површина е бела и без наслаги – се однесува на намален проток на крв во телото, анемија која може да предизвика вртоглавица, замор, а луѓето со ваква состојба патат од недостаток на концентрација и паметење. Освен тоа, кај жените таквиот јазик често е знак на можни хормонални пореметувања.