Лимонада со лаванда како вистинско летно освежување: пијалок кој ги содржи сите здрави состојки

5 јули, 20240
Лимонада со лаванда

Лимонадата е еден од пијалоците што се препорачува да се пие во овие топли денови бидејќи го хидрира организмот, а воедно ќе добиете и доволен извор на витамини. Сепак, овој пијалок не мора да се прави само од лимони, во него можете да додадете и лаванда, а рецептот за лимонада со лаванда според Институтот Јосиф Панчиќ прочитајте го подолу.

Состојки за лимонада со лаванда:
6 чаши вода
100 гр шеќер
3 лажици мед
3 супени лажици сува лаванда
200 мл сок од лимон
Подготовка на лимонада со лаванда:
Измешајте вода и шеќер, па загрејте на тивок оган додека не се раствори шеќерот. Добиениот сируп тргнете го од оган, а потоа додадете му мед и сува лаванда и оставете го да отстои 15 минути, повремено мешајќи за лавандата да ги ослободи аромите.

Кога лавандата ќе ги ослободи аромите, процедете ја течноста во бокал, а потоа додадете сок од лимон и вода по желба. Оставете го во фрижидер најмалку два часа, па истурете го во чаши, додадете мраз и кришки лимон, а како декорација може да послужи и лавандата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma