Направете природен освежувач на воздухот за прекрасен домашен мирис во текот на целата година

popara8 јули, 20241min00
Screenshot_10

Дали знаевте дека од ориз можете да направите феноменален освежувач на простории, кој освен што е целосно природен, може да трае и до неколку месеци.

 

 

 

 

За да го направите овој освежувач на простории, но и за гардероба, ќе ви треба стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло. Оризот ќе ги впие сите мириси на етеричното масло, па собата за миг ќе стане миризлива.

 

Овој освежувач на воздухот е многу подобра опција од оние купени во продавница кои се полни со хемикалии.

 

Можете да изберете било кое миризливо масло, но најефективно во отстранувањето на лошиот мирисот е маслото од лимонова трева.

 

Наполнете ја теглата со ориз. Додадете 10 до 20 капки од вашето омилено есенцијално масло. Покријте, а потоа добро протресете за маслото да се распореди рамномерно меѓу зрната ориз, отстранете го капакот и покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумичка.

 

Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.

 

Вака изработениот освежувач можете да го чувате во секоја просторија или пак да го ставите во гардеробер за и вашата облека да го добие тој мирис.

 

Најдобро би било да користите помали тегли и да ставите по една во секој агол од собата која сакате да ја освежите со пријатен мирис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma