Ова е земјата во која најмалку се работи, најмногу се ужива и се живее најдолго

popara9 јули, 20241min00
Луксембург

Сите сонуваме за земја во која ќе работиме помалку, ќе заработуваме повеќе и ќе живееме подолго. Можеби ова место изгледа како земја на соништата, но официјалната статистика вели дека постои.

Параметрите земени предвид од истражувањето за квалитетот на животот на Универзитетот Оксфорд при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат непречен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја која е вклучена во истражувањето.

Врз основа на дадените критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку се постари.

Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и Данска, кои го заземаат второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно и погледнете ја целата топ 10 листа на земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот:

– Луксембург

– Австрија

– Данска

– Норвешка

– Финска

– Шведска

– Франција

– Белорусија

– Холандија

– Швајцарија

Велика Британија е на 17-то место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците рекле дека спијат во просек 7,5 часа навечер, што е добар резултат.

Интересно е што Соединетите Американски Држави се нашле на 87-то место, меѓу другото и затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително слабо рангирани, бидејќи во сите три земји во просек се работи по 46 часа неделно. Бидејќи работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време.

Сепак, тоа воопшто не е така, бидејќи во Кина добивате само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8, пишува Nova.rs

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma