„Секој што размислува поинаку има проблеми во кревет“ — и тоа не е сѐ… Златан Ибрахимовиќ преку изјава откри интимни детали од својот брачен живот

10 јули, 20240
Screenshot_17

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (42) одговори на незгодно прашање за време на интервју и се најде на насловната страница на голем број медиуми.

 

 

 

 

Имено, новинарот го прашал фудбалерот: „Што е подобро – постигување голови или секс?“, на што Ибрахимовиќ одговорил: „Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблеми во спалната соба“.

 

Ибрахимовиќ додал дека интимноста не треба да се занемарува со годините и дека се труди што повеќе да ја задоволи својата поубава половина. Најважно е, рече тој, отворен разговор за сè. Многумина беа изненадени што фудбалерот одговори на ова прашање бидејќи вообичаено го држи приватниот живот подалеку од јавноста.

 

Да потсетиме, срцето на славниот фудбалер го украде шведската актерка Хелена Сегер (53), со која е во врска повеќе од 20 години и со која има два сина, Максимилијан (17) и Винсент (16).

 

„Ја запросив и таа ми рече: ‘Не’. Тоа беше пред неколку години. Ѝ реков: ‘После 20 години, заслужуваш да бидеш во брак со мене’. Таа рече: ‘Не, не треба да бидам мажена за тебе за да бидам со тебе’. Таа е силна, многу силна“, раскажа Ибрахимовиќ во една прилика.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma