Селин Дион објави документарец: За прв пат отворено зборува за ретката болест, испрати моќна порака до обожавателите (ВИДЕО)

26 мај, 20240
Screenshot_9

Во трејлерот на документарниот филм „Јас сум: Селин Дион“, кој ќе се емитува на 25 јуни, познатата пејачка искрено проговори за своите здравствени проблеми и дијагноза, ретка состојба која ѝ беше дијагностицирана во декември 2022 година.

 

 

 

 

Селин Дион ја користи оваа прилика за првпат детално да зборува за целиот процес. Имено, во еден кадар од трејлерот пејачката скршена и во солзи разговара за нејзината борба со синдромот на вкочанета личност.

 

Зборувајќи за тоа колку нејзиното здравје влијаело на нејзината кариера, Селин пред камерите ги опишува нејзините достигнувања и колку ѝ недостасува сцената.

 

„Секој ден, морам да признаам, тоа е борба“ – вели оваа музичка дива, додека видеото покажува колку всушност ѝ е потребна помош за да се движи.

 

Кон крајот на трејлерот пејачката низ солзи вели: „Ми недостигате многу. Луѓе, ми недостигате. Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам.“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma