ЌЕ ИМА КРВ! Објавени ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ од продолжението на филмот „Гладијатор“, Дензел Вашингтон ЦЕЛИОТ ВО ЗЛАТО, Педро Паскал го врти копјето!

popara8 јули, 20241min00

Второто продолжение на историската драма „Гладијатор“ („Gladiator“), под режисерска палка на Ридли Скот, е нешто што го очекуваат сите вљубеници во филмската уметност.

 

 

 

 

Списанието „Венити фер“ објави ексклузивни фотографии од снимањето на филмот и ни даде преглед за она што ќе можеме да го очекуваме во киносалите од 15 ноември годинава. Ирскиот актер Пол Мескал, кој е нова актерска надеж во Холивуд, и Чилеанецот Педро Паскал, кој важи за еден од најхаризматичните актери, ќе ги видиме во главните улоги – Луциус и Маркус Акациус.

двс
фд

На една од фотографиите, нивните ликови се борат во акциска сцена, но причината за нивниот конфликт не е откриена.

 

Во споделените објави е откриено дека Маркус Акациус тренирал и учел од генералот Максимус, кој во оригиналниот филм од 2000 година го играше оскаровецот Расел Кроу.

„Акациус учеше од најдобрите, секако кодексот на честа беше вкоренет во неговиот тренинг“, рече Паскал, според „Венити фер“.

 

Луциус е, сега веќе, пораснатиот внук на императорот Комодус, кој во првиот филм го толкуваше Хоакин Феникс.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma