Белиот ѓон на патиките ќе заблеска како нов: Две ефтини состојки од кујната ќе ги отстранат сите нечистотии

popara12 мај, 20241min00
82597_shutterstock-493843354_f

Нема потреба да се мачите и да го триете ѓонот од вашите патики за да го исчистите. Доволно е да користите две намирници кои ги имате во кујната. Патиките ќе блескаат без употреба на средства за чистење полни со хемикалии кои исто така можат да ги оштетат.

Ќе ги отстрани нечистотиите и дамките од маснотии, а патиките ќе изгледаат како нови. Потребни ви се сода бикарбона и алкохолен оцет. Нивната комбинација ја раствора нечистотијата, а резултатот е чистота која често не можеме да ја постигнеме ниту со специјализирани течности.

Измешајте вода и оцет во сооднос 1:1, а потоа додадете доволно сода бикарбона за да направите густа паста. Потопете стара четка за заби и исчистете ги белите ѓонови на патиките, а потоа исплакнете со вода и оставете да се исушат.

Освен за патики, оваа смеса можете да ја користите и за чистење на пластичен градинарски мебел и бела ПВЦ столарија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag