Белите влакна може да ја вратат бојата од претходно, покажа истражувањето

popara13 февруари, 20241min00
Screenshot_5

Младите луѓе што имаат бели влакна може да ги изгубат доколку го намалат стресот на кој се изложени, покажува ново мало истражување.

 

 

 

Истражувањето било спроведено на 14 учесници на возраст од 9 до 65 години кои имале седи влакна на косата. Анализата на нивните влакна покажала дека кај 10 лица, белите влакна потоа си ја вратиле својата боја.

 

Сите овие учесници биле под помал стрес во времето кога белите влакна си ја вратиле бојата. Во меѓувреме, оние на кои влакната продолжиле да им белеат имале постресни периоди во животот, што покажува врска помеѓу стресот и процесот на белеење.

 

Истражувачите посочуваат дека враќањето на бојата на влакната е можно само во младите години, но не и во староста, а и дека тоа се случува само со одредени влакна.

 

Во косата се појавуваат седи влакна кога телото почнува да произведува помалку клетки што создаваат меланин, што му ја дава бојата на влакното.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag