„Таа, па Мајка Тереза“: Меган Маркл ја објави својата биографија, Твитерџиите ја распнаа

13 февруари, 20240
Screenshot_2

Меган Маркл и принцот Хари имаат нова веб-страна, на која ги изнеле и своите биографии. Меган со својата се чини дека воопшто не била скромна, а во првите реченици од биографијата се нарекува себеси првак во борбата за човекови права и родова еднаквост.

 

 

 

 

 

„Нејзиното доживотно залагање за жените и девојките останува постојана нишка во нејзините хуманитарни и деловни потфати. Таа е прогласена за една од највлијателните жени во светот“, се вели за Маркл во биографијата.

 

„По дипломирањето, Меган го насочи својот фокус кон забавната индустрија, подоцна добивајќи ја главната улога во хит-серијата “Suits”, во која глумеше 7 сезони. Помеѓу снимањето, Меган патуваше во Руанда, Индија и други земји за да ги поддржи хуманитарните мисии“, се додава во текстот.

 

„Таа имаше клучни улоги како што се застапник на „UN Women“ за политичко учество и лидерство на жените, глобален амбасадор на „World Vision“ и главен советник за „One Young World“. Меган исто така патуваше за да ја поддржи воената заедница на „USO“ турнејата, посетувајќи 6 воени бази во 7 дена“.

 

„Војвотката од Сасекс беше гостин уредник на британскиот „Vogue“ во јули 2019 година, кој беше најбрзо продаван примерок во историјата на списанието“, се додава на веб-страницата.

 

Од вчера корисниците на „X“ не престануваат да пишуваат безмилосни шеги на сметка на биографијата на Меган Маркл.

 

 

 

 

„Таа, па Мајка Тереза“, „Нејзината биографија има 200 зборови повеќе од онаа на Хари“, „Првак во борбата за човечки права. Урнебесно“, пишуваат корисниците на социјалната мрежа.

 

„Меган Маркл го ставила кралскиот грб на страницата. Грбот на кралското семејство кое таа го нарече насилно и расистичко“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi