Потребно е:
250 гр посен маргарин
250 гр шеќер во прав
250 гр мелен бисквит
100 гр мелени ореви
2 лажици рум
Подготовка:
Маргаринот се мати со шеќерот во прав, па се додаваат бисквитите, мелените ореви и две лажици рум. Земете малку од смесата и со раце обликувајте топчиња. Во секоја бомба ставете по еден лешник. На крајот, секое топче виткајте го во мелени ореви.