Веднаш долета во Лондон: Принцот Хари проговори за ракот на татко му, дали болеста ќе го обедини кралското семејство повторно?

16 февруари, 20240
Screenshot_3

Принцот Хари за првпат јавно проговори за својот татко Чарлс откако беше откриено дека кралот има рак. Интервјуто во емисијата „Good Morning Britain“ носи повеќе од важни, па дури и бомбастични изјави. Бакингемската палата на 5-ти февруари објави дека британскиот монарх боледува од тешка болест.

 

 

 

 

Хари рече дека е благодарен што поминал време со својот татко откако беше објавено дека боледува од рак и навести дека болеста на неговиот татко ќе има ново влијание врз кралското семејство, пренесува „Daily Mail“.

 

Тој се надева дека болеста на неговиот татко ќе го излекува неговиот раздор со семејството во Британија.

 

Принцот Хари за емисијата на „ABC“ раскажал како минатата недела отпатувал во Лондон без сопругата Меган Маркл и нивните деца Лилибет и Арчи. Тоа се случи за помалку од неполни 24 часа по објавата за здравствената состојба на кралот. Хари остана во Британија еден ден, а потоа се врати во САД.

 

„Татковата болест ќе го обедини семејството“

На прашањето на водителот на „GMA“, Вил Рив, колку било „емотивно“ за него патувањето дома, Хари одговорил: „Гледајте, јас го сакам моето семејство. Благодарен сум за фактот што можев да отидам да го видам татко ми и да поминам време со него“.

 

Водителот потоа додал: „Исто така во мојот живот открив дека еден вид болест во семејството може да биде поттик за обединување. Дали е тоа можно во овој случај?“.

„Апсолутно. Да, сигурен сум. Во сите тие семејства го гледам тоа од ден во ден, повторно ја гледам силата на семејната единица што се обединува. Мислам дека секоја болест, секоја болест ги спојува семејствата“.

 

Тема на интервјуто била и можноста да стане американски државјанин, неговиот живот со Меган и промоцијата на „Invictus Games“ во 2025 година, поради што тие пристигнаа во Канада пред два дена, пишува „Daily Mail“. Според досега објавените детали од интервјуто, принцот Хари не ги прекршил советите на експертите и не ги открил деталите од разговорот со својот татко. Тие му рекле дека тоа ќе биде пресудно за нивната врска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi