Венеција од денес наплаќа влез во градот! Еве колку чини билетот

popara25 април, 20241min00
Венеција

Венеција од денеска почнува да им наплаќа влезници на туристите кои доаѓаат на еден ден.
Оваа мерка е донесена со цел да се намали притисокот врз Венеција која тоне под тежината на масовниот туризам.

Посетителите кои доаѓаат на еднодневно патување од денеска ќе треба да купат билет од пет евра, кој ќе го контролираат инспекторите на клучните локации.

Минатата година 3,2 милиони туристи поминаа барем една ноќ во стариот град, но десетици илјади луѓе преку ден се слеваа на тесните улички на градот, честопати од бродови за крстарење, за да ги видат знаменитостите, вклучувајќи го и плоштадот Свети Марко.

Целта на воведувањето билети е да се поттикнат дневните патници да доаѓаат во поретки периоди со цел да се намали гужвата, пренесува Hina.

Билетите ќе може да се резервираат преку Интернет и ќе покриваат 29 денови од шпицот помеѓу 25 април и 14 јули.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag