Ве мачи несоница? Ако сакате брзо да заспиете, не ги јадете овие намирници навечер

popara7 март, 20241min00
77627_zena-shutterstock-2288518021_f

Не сте испиле кафе попладне, сте го исклучиле телевизорот, компјутерот и мобилниот телефон, ја затемнивте просторијата, но сепак не можете да заспиете? Можеби сте јаделе или сте испиле нешто друго што ви го нарушило сонот. Лекарите направија список на намирници кои не треба да се јадат и пијат пред спиење.

Пред спиење избегнувајте:

– пица или тестенини со домати
– зачинета храна
– хамбургер
– сладолед
– млеко
– чај од нане

Што можете да јадете?

Храна која има сложени јаглехидрати богати со растителни влакна, како што се интегрален ориз, леќа, интегрален леб, заедно со посни протеини, како пилешко и риба. „Сите овие намирници се пријателски настроени кон органите за варење, што значи подобар сон“, објаснува д-р Раџ Дасгупта за Huffpost.

Кое е последното време за вечера?

Вечерата и времето за спиење се исто така важни. Колку е поблиску времето за спиење до вечерта, толку оброкот треба да биде помал. Доколку сте вечерале рано, а легнете доцна и сте гладни, таа ноќна ужина би требало да содржи помалку од 300 калории. „Граст јаткасти плодови е добра ужина бидејќи содржи влакна и незаситени масти“, советува докторот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag