Ќе изгледаат како нови: Со овој трик ќе ги исчистите четките за шминка за само неколку секунди

7 март, 20240
79667_shutterstock-1097621459_f

Ако редовно користите шминка, веројатно често се наоѓате во ситуација кога вашите четки се извалкани со производ токму кога ви се најпотребни. Постои едноставен трик како да ги исчистите вашите четки за неколку минути.

Важноста на редовното чистење на четките за шминка е веќе добро позната. Потребно е да се одржуваат за да не ги префрлаат нечистотиите кои се наталожуваат на нив на лицето, но и четките да останат функционални за употреба што подолго. Ако на нив се акумулира премногу производ, ќе стане потешко рамномерно да се нанесе шминката, а на нив се акумулираат мртви клетки и прашина, што може да предизвика неправилности на лицето.

Иако најдобрата техника е да ги миете еднаш неделно или повеќе, со сапун и вода, понекогаш едноставно немаме време за тоа. Тогаш е корисно да пробате едноставен трик кој многу брзо ги отстранува сите нечистотии. Во аптеките можете да купите медицински бензин, кој вообичаено се користи за одмастување или отстранување на лепак. Со него можете да ги исчистите четките за неколку минути така што ќе го нанесете на салфетка, а потоа со кружни движења ќе ги притиснете четките во него.

Начинот на чистење на четките со медицински бензин е многу ефикасен и брз, но важно е да се има предвид дека неговата пречеста примена може да ги исуши четките. Со оглед на тоа што е силен одмастувач и запалива материја, при употреба носете заштитни ракавици и применувајте ги сите неопходни мерки на претпазливост, советуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi