На интернет брзо се рашири видео кое покажува како грчкиот остров Санторини стана жртва на масовен туризам.
Бели куќи со сини куполи, неверојатен поглед на морскиот хоризонт, прекрасни песочни плажи и спектакуларни зајдисонца… Вака на фотографиите изгледа најромантичниот остров во Грција – Санторини.
Но, како всушност изгледа Санторини во реалноста покажа тиктокерката Terra Scott, која многу патува низ светот. На видеото кое таа го сподели може да се видат реки од луѓе кои едвај се движат низ улиците. Освен тоа, улиците се полни и со измет од магаре.
Туристите се туркаат и се борат за фотогенични места пред сините куполи, кои ги нема толку многу.
@terrastravels Skip Santotini! Watch for my upcoming video on Calilo in Ios! #santorini #greece #terrastravels #terrakimberlyscott #travel #placestoseeingreece
Под видеото кое брзо стана вирално и го погледнаа повеќе од шест милиони луѓе, имаше бројни коментари во кои корисниците ги споделуваа своите искуства со овој грчки остров.
„Воопшто не е како на фотографиите“, „Поубаво е во октомври, нема луѓе“, „Замислете како им е на луѓето што живеат таму“, „Ви благодариме на искреноста“, „Тоа е премногу“, „Бев таму минатото лето, ова видео е 100 проценти точно“, „Фала за ова. Сега веќе не сакам да одам таму“, „Тешко е да се замисли нешто полошо, особено на оваа жештина. Кошмар“, „Треба да станете во пет наутро“, се само дел од многуте коментари кои пристигнаа од целиот свет.