„Гол“ фустан и 450 илјади светки: Селена Гомез воодушеви со стајлингот на Еми наградите

17 јануари, 20240
74135_profimedia-0837439003_f

На црвениот тепих за доделувањето на Еми наградите, Селена Гомез го врати некогашниот мегапопуларен тренд на „голи“ фустани и блесна во фустан на Оскар де ла Рента покриен со 450.000 светки.

Минатата недела Селена Гомез го затвори црвениот тепих на Златните глобуси во огнен црвен миди коктел фустан со шлиц, а сега повторно го направи тоа на Еми наградите.

И едно е сигурно – на 75-тото по ред Еми награди, никој не блесна како Селена Гомез. Актерката која имаше улога во серијата „Only Murders in the Building“ донесе сјај во полн сјај на црвениот тепих. Имено, Селена носеше фустан на Оскар де ла Рента по нарачка, извезен со 450 илјади светки.

Селена ја покани стилистката Ерин Волш да помогне во стајлингот за овој настан. Нејзиниот фустан без прерамки имаше мотиви од кристален папрат што можеше да се види во колекцијата на Оскар де ла Рента за 2024 година.

Селена го комплетираше својот стајлинг со клач чанта од Tyler Ellis и Tiffany & Co. накит. Ѓерданот е Tiffany Bird on Rock на Жан Шлумберже, изработен од платина и жолто злато 18 карати, со морганит, дијаманти и розови сафири. А Селена го комплетираше со соодветниот цветен прстен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi