Чувствувате вртоглавица кога одеднаш ќе станете? Иако оваа состојба е многу честа и главно безопасна, во некои ситуации би било добро да се консултирате со лекар за да ја проверите причината.
Колку е опасна вртоглавица
Вртоглавицата е честа појава и нема што да се грижите. Оваа состојба – медицински позната како ортостатска (постурална) хипотензија – е предизвикана од брза промена во положбата на вашето тело.
Може да изгубите рамнотежа или да ви се затемни пред очи, сето тоа поради привремен пад на крвниот притисок што го намалува протокот на крв и кислород во мозокот.
Темнината пред очите предизвикува намален проток на крв во мрежницата. Д-р Стивен Јурашек, од Медицинскиот факултет Харвард, вели: „Кога луѓето стануваат, околу 300 до 800 кубни сантиметри крв се вовлекуваат во нозете, што предизвикува привремен пад на крвниот притисок. Падот се открива од артериите и затоа се активира одговор на целото тело за стабилизирање на крвниот притисок. Крвните садови се стегаат, мускулите на нозете и желудникот се собираат и отчукувањата на срцето се зголемуваат.“
Ова обично не предизвикува никакви очигледни симптоми, но може да ви треба подолго време за да се стабилизирате ако сте дехидрирани или лошо се чувствувате.
Кога станува загрижувачки
Сепак, состојбата може да биде проблематична ако ја доживувате редовно.
“Постуралната хипотензија може да биде особено загрижувачка ако трае повеќе од три минути додека стоите. Потоа, иако во ретки случаи, може да биде знак за оштетување на нервите, што влијае на автономниот нервен систем. Исто така, може да значи дека имате низок притисок или некои состојби на тироидната жлезда“, вели д-р Јурашек.
Доколку сте загрижени за симптомите, лекарот препорачува го измерите крвниот притисок и да одите на лекар.