ДОЈАВАЗА БОМБА НА ПОЗНАТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ! Пејачите биле итно евакуирани, полицијата веднаш реагирала

7 февруари, 20240
Screenshot_2

Во понеделникот вечерта, на 5 февруари, италијанската полиција мораше да ја евакуира вилата во која беше организирана гала забава на која присуствуваа 30-тина пејачи – гости на „Санремо“, најпознатиот италијански музички фестивал. Причината за евакуацијата била анонимна дојава за бомба што ја добила полицијата, според државната телевизија РАИ.

 

 

 

Зградата била евакуирана околу 23:00 часот, а областа била опколена додека гостите се враќале во своите хотелски соби. Сепак, се покажа дека дојавата за бомбата е лажна, што предизвика голема вознемиреност кај присутните.

 

На 74-тото издание на Санремо, кое се одржува секоја година од 1951 година, 30 уметници ќе се натпреваруваат во текот на пет вечери од 6 до 10 февруари за победа, а оној што ќе победи ќе ја претставува Италија на Евровизија.

 

Овој музички фестивал има долга традиција и исклучителна популарност во Италија, привлекувајќи го вниманието и на домашната и на меѓународната публика. Уметниците се натпреваруваат за престижна награда, а фестивалот е познат и по тоа што ја започна кариерата на многу познати музички уметници.

 

Како што налага традицијата, победникот на престижниот италијански фестивал ќе ги претставува и брани боите на оваа земја на престижниот музички натпревар „Песна на Евровизија“.

 

Инаку, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ се појави на „Санремо“ и го привлече вниманието на гледачите ширум светот, а во оваа прилика се прошета со песна на Лепа Брена „Луда за тобом“. Ова не е првпат Ибрахимовиќ да ја изненади публиката на италијанскиот фестивал со својот избор на српска музика, бидејќи пред три години, тој спектакуларно се појави на сцената со песната „Утро е“ на Нада Топчагиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi