Малкумина од неговите многубројни обожаватели можеа да се надеваат дека некогаш ќе имаме можност повторно да го видиме со кратка коса, но Кијану Ривс очигледно бил подготвен на тој чекор за неговата нова улога во филмот „Outcome“. Имено, тој деновиве со нова фризура беше снимен на улиците на Лос Анџелес каде се наоѓа продукцијата на споменатиот филм во кој главната улога ќе ја има 59-годишниот канадски актер. Станува збор за комедија во режија на Џона Хил, а треба да се прикаже на платформата за стриминг на Apple TV+.
Ривс во оваа прилика по неколку години реши да направи драстична промена и да ја отсече долгата коса која беше препознатлива со години, а со тоа „избриша“ неколку години истовремено.
Со својот нов изглед, тој не потсети на далечната 1999 година, кога имавме можност да го видиме со истата фризура, во првиот дел од популарната филмска трилогија „Матрикс“. Набргу потоа, на познатиот актер постепено почна да му расте косата, која набрзо стана негов заштитен знак.