Стар трик кој штеди време: „Не користам пегла откако дознав за ова“

23 март, 20240
62778202-rublje

Домашните трикови навистина можат да ни го олеснат животот и да ни заштедат време. И додека таквите трикови ги учевме од нашите мајки и баби и ги пренесувавме од колено на колено, во денешно време тие се насекаде околу нас, па животот е многу полесен.

На социјалните мрежи секојдневно се креираат трикови и препораки за полесни домашни работи, а најгледани се оние поврзани со перење алишта. Како побрзо да се исушат алиштата, како да се погрижите облеката да не се уништи при перење и како да мириса на свежо, се дел од прашањата кои луѓето најчесто ги пребаруваат на интернет.

Со оваа проблематика се занимаваат бројни инфлуенсери, а една од нив е и Зринка. Таа на својот профил на Зринка Клинка објавува различни совети и препораки, а една од нив наиде на најмногу реакции. Тоа е трик кој помага да се испегла облеката без воопшто да се користи пегла.

„Не сум користела пегла откако дознав за овој трик. Веднаш штом ќе заврши машината, ги истресувам влажните алишта, ги исправувам со раката и убаво ги превиткувам. Ги оставам така околу половина час и дури потоа ги ставам на жица да се сушат. Облеката изгледа како да е пеглана“, објаснила Зринка во видео на својот Фејсбук профил.

Нејзиното видео има четири илјади лајкови, а многу жени во коментарите потврдија дека овој трик навистина функционира, а дел од следбениците истакнаа дека тоа е стар трик на нашите баби и дека го користат веќе 40 години.

Важно е, забележуваат, добро да ги исправите со рака за да успее трикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi