Јаболковиот оцет е здрав и тоа е факт, но прекумерното или неправилно консумирање може да доведе до здравствени проблеми. Во продолжение на текстот ќе видите за што се работи.
Јаболковиот оцет е исклучително здрава храна, а се верува и дека го поттикнува слабеењето.
Најчестиот начин на практикување на таканаречената диета со овој вид оцет е да се пијат една до две лажици измешани со два децилитри вода наутро на празен стомак.
Сепак, дали овој режим на оцет е навистина ефикасен? Вистината е дека не постојат научни докази дека го забрзува метаболизмот, ги топи мастите и помага при слабеење. Затоа, пред да почнете да го пиете, прочитајте некои од фактите за оваа кисела храна кои треба да ги знаете.
1. Не е најдобриот избор за сузбивање на апетитот
Кога пиете јаболков оцет на празен стомак, киселината може да го иритира и на тој начин да создаде чувство на ситост. Доколку сакате да се чувствувате сити, без можни штетни несакани ефекти, подобар избор е лесен појадок богат со протеини во комбинација со јогурт. Ќе ве засити здраво и ќе ви обезбеди многу повеќе хранливи материи од чаша вода со јаболков оцет.
2. Премногу од овој пијалок може да биде опасно
Ако одлучите да изгубите тежина користејќи јаболков оцет, не консумирајте повеќе од две лажици дневно бидејќи може да го иритира желудникот, да ја уништи забната глеѓ и да го оштети хранопроводникот. Ова е уште една причина да не го пиете на празен стомак.
3. Покорисно е да се конзумира во салати отколку да се пие
Најдобар начин да се конзумира јаболков оцет е како прелив за салата. На тој начин ќе извлечете максимум од тоа. И запомнете, нема брзи решенија кога станува збор за трајно губење на тежината. Здравиот начин на живот, кој вклучува јадење неколку (помали) оброци дневно, разновидна исхрана и задолжителна секојдневна физичка активност, е единствениот вистински пат до витка линија!