Утрото е делот од денот кога треба да се погрижиме за својот метаболизам. Колку е брз нашиот метаболизам, зависи од штетните материи и од маснотиите што се насобрале во нашето тело. Брзината на метаболизмот зависи од различни фактори, како што се генетиката, тежината и возраста. Вистинскиот избор на животен стил може да ни помогне метаболизмот да го донесеме во саканата состојба, а ако сакаме да ослабиме, секако треба да внимаваме на овие три најчести утрински грешки што ја забавуваат неговата функција.
- Доцен прв оброк или прескокнување на појадокот
Оваа грешка ја прават голем број луѓе. Сè помал е бројот се оние што имаат време за појадок, но секако треба да знаеме дека таа нездрава навика може и тоа како да биде штетна за нашиот метаболизам. Ако појадуваме веднаш по будењето, метаболизмот ќе почне порано да работи. Најдоброто сценарио е да имаме појадок богат со протеини кои ќе ни дадат енергија за успешен почеток на денот.
- Недостиг на физичка активност
Истражувањата покажаа дека вежбањето помага при согорување на калориите дури 24 часа после вежбањето! Исто така, утринското вежбање согорува повеќе калории во споредба со вежбањето во кој било друг дел од денот. Добрата вест е што секако може да се пронајдат вежби и тренинзи кои нема да ни одземаат многу време и кои совршено би се вклопиле и би ни станале утринска рутина.
- Да не се избегнуваат вежби со тегови
И покрај навиката за утрински тренинг, многу луѓе непотребно се плашат од вежбањето со тегови. Ако сакаме да ослабиме, секако треба да го вклучиме овој вид тренинг, а не да се фокусираме исклучиво на кардио-тренинзите. Кревањето тегови ќе ни овозможи формирање на мускулите и забрзано согорување масти. Додека мускулите се одмораат, се трошат калориите.
Дури и со генски предиспозиции за побавен метаболизам, не треба да ги заборавиме овие три точки, кои треба да станат дел од утринската рутина на секој, но, се разбира, зависат од личната волја.