Сите му завидуваат на Бен: Латино бомбата Џеј Ло ги покажа совршено извајаните стомачни мускули, за не времето изгледа како да застанало (ФОТО)

10 април, 20240
Screenshot_14

Џенифер Лопез уште еднаш ја покажа својата фантастична фигура во новата кампања за италијанскиот бренд за долна облека „Intimissimi“.

 

 

 

 

 

Актерката сподели фотографии и видео од кампањата за новата линија наречена „Silky Intimates“. Позирајќи во долна облека во земјени тонови, 54-годишната пејачка уште еднаш го истакна својот затегнат стомак и цврстите мускули, а за својот изглед доби голем број комплименти.

 

Лопез е амбасадорка на овој бренд веќе две години, а на неколку фотографии била обвиткана во свиленкаста ткаенина додека нејзината коса била собрана во пунџа.

 

Новата колекција содржи шест парчиња направени од ултралесни микровлакна со потпис на брендот.

Screenshot_8
Screenshot_9
Screenshot_10
Screenshot_11
Screenshot_12
Screenshot_13

Сепак, наместо за парчињата кои ги носела, сите зборуваат за нејзиниот изглед и пишуваат дека изгледа фантастично, а еден нејзин следбеник на Инстаграм порача дека „сите му завидуваме на Бен“.

 

Џеј Ло неодамна стана предмет на дискусија и потсмев на интернет за проектот во кој вложи 20 милиони долари, што е целосно промашување.

 

Последниве месеци ретко кој можеше да ја пропушти промоцијата на албумот „This is Me… Now“ кој Лопез го рекламираше со речиси агресивна кампања. Овој албум требаше да биде новиот врв на нејзината музичка кариера, која, мора да се признае, со години е во пад.

 

Во новиот албум, филм и документарен серијал вложила 20 милиони долари. Сепак, албумот беше оценет како просечен, филмот беше нашироко критикуван, продажбата на билети за концертот не ги исполнила очекувањата, а документарниот филм стана неисцрпен извор на онлајн шеги.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi