Европската земја во која најдолго се живее, а сега е јасно и зошто

popara9 мај, 20241min00
1715235799-1715155439-road-8254358_1280-750x500

Во една медитеранска земја луѓето живеат во просек 84 години, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Просечниот животен век во Шпанија е 84 години, така што оваа медитеранска земја има најдолг животен век меѓу 27-те земји на Европската унија.

Аналитичарите сметаат дека за тоа е заслужна медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло. И поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите поминуваат повеќе време на отворено, занимавајќи се со физички активности.

„Во медитеранските земји, ние исто така го цениме нашиот социјален живот, па затоа излегуваме почесто отколку луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител“, вели Мануел Ангвита, претседател на Шпанското здружение на кардиолози.

На второ и трето место се Италија, каде што луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со животен век од 83,6 години.

Просекот на Европската Унија е 81,5 години.

Во Хрватска, медитеранска и средноевропска земја, луѓето живеат под тој просек, односно 78,8 години.

Најниска старосна граница имаат Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Летонија, а на врвот е Бугарија каде животот во просек трае 75,8 години.

Аналитичарите сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае тоа што тие пијат помалку тешки алкохолни пијалоци, дека имаат солиден јавно здравствен систем, дека со децении немаат војни и дека нивната политика е да го намалат бројот на сообраќајни несреќи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma