Едноставен трик за чистење на паркетот: Домашно средство кое им дава сјај на дрвените подови

25 мај, 20240
shutterstock582831853-830x0

Одржувањето на дрвените подови така што ќе светат често е голем предизвик за домаќинките

Дрвените подови, односно паркетот, колку и да изгледаат естетски убаво, не се секогаш лесни за одржување. Посебен проблем за многу домаќинки е како да постигнат висок сјај на овие површини.

Ако до сега не сте знаеле, постои еден многу едноставен трик за чистење со кој вашиот паркет секогаш ќе изгледа како да е штотуку поставен и на него можете да „се огледате“.

Веројатно веќе имате се што ви треба од состојките во вашиот дом, а доколку ги немате, лесно е да ги набавите, бидејќи се многу достапни.

Состојки:

5 шолји топла вода

20 мл маслиново масло

40 мл алкохолен оцет

12 капки етерично масло од лимон

Измешајте ги сите состојки во кофа за чистење на подот. Во растворот натопете крпа од микрофибер, добро исцедете ја и искористете ја за чистење на паркетот.

Повторувајте ја постапката додека не ја исчистите целата површина. На самиот крај, дрвената површина избришете ја со сува крпа за да не се лизга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma