Таблетите и хемиските прашаци со аналгин, парацетамол и вештачки витамин Ц не секогаш е најдобриот избор кога станува збор за лечење на настинките.
Штом ги почувствувате првите симптоми на грип и настинка, реагирајте на време и испробајте го оној природен лек кој најмногу ви одговара.
Со помош на овие 3 народни, природни лекови ќе бидете здрави за само 24 часа, испробано и докажано!
Замена за топлите пијалаци во прав
Наместо аналгин во прав, во 1 ½ литар зовриена, па оладена вода додајте 1 лажица крупна морска сол, сок од 1 лимон и 10 грама витамин Ц (екстракт, во прав).
По желба, засладете со мед. Целата течност добро промешајте ја и испијте ја во рок од час и половина, а доколку почувствувате потреба, повторете ја постапката во текот на наредните неколку часа.
Вкусен пијалак кој ги брише првите симптоми на настинка
Загрејте околу 100ml црно вино и во виното додајте половина лажичка мелен бибер и 1 лажица мед.
Пијалакот промешајте го, загрејте го по ваша желба и испијте го пред спиење.
Пиво и зачини во борба против грип
Загрејте половина литар од било кое пиво, темно или светло, а кога ќе се загрее додадете 2 лажици мед, половина лажица цимет и неколку парчиња сушено каранфилче.
Пијалакот консумирајте го пред спиење во мали голтки. Од прво вкусот ќе ви биде чуден, но неговата делотворност е неверојатна.
Го поттикнува потењето, а воедно и ја намалува кашлицата.