Жизел Бундхен за прв пат фотографирана со новиот партнер на градилиштето на нејзината нова вила

1 април, 20240
Жизел Бундхен

Убавата манекенка се фотографираше со Хоаким Валенте набргу откако за медиумите првпат откри детали за својата нова љубов.

Една од најубавите и најуспешните манекенки во светот Жизел Бундхен го преболе разводот со бившиот сопруг и продолжи понатаму. По долги шпекулации, поранешната сопруга на Том Брејди беше „фатена“ со своето момче Хоаким Валенте пред градилиштето на нејзината нова резиденција во Мајами. Изгледа дека во таа прилика и требаше „машко око“, па 36-годишниот тренер за џиу-џицу ја придружуваше Жизел при посетата на недовршената зграда, проверуваше како се одвива работата и дали се е во ред. Манекенката беше без шминка, во удобни фармерки и кошула, носеше и удобни мокасини  во боја на кожа. Класиците на модната куќа Hermes се совршени за прилики каде што е потребна удобност, додека ненаметливо го издигнуваат и најлежерниот „изглед“. Нејзиното момче избра шорц и темна маица, а мора да се признае дека изгледаше привлечно на фотографиите кои ги објави Daily Mail , иако беше јасно дека навистина не се обидува да импресионира со облеката.

Жизел минатата недела за прв пат откри детали за нејзината нова љубов. Но, пред една година таа поинаку го оцени времето што го поминува со Хоаким.

„Мислам дека во овој момент, за жал, бидејќи сум разведена,ќе се обидат да ме поврзат со било кого. Тој е наш учител и што е најважно, тој е личност на која и се восхитувам и на која и верувам да ги имам моите деца блиску до таква енергија“, изјави таа за Vanity Fair во април 2023 година.

image

Со бакнеж на Денот на вљубените во февруари оваа година, парот ја „призна“ својата врска, објави Daily Mail. Тие се бакнаа на неформален состанок во Мајами. Ја прегрна и ја повлече кон себе (како што секоја жена би сакала да биде гушната), паѓаа бакнежи и тоа беше тоа, што се однесува до препознавањето на новиот љубовен статус. Сега сепак во јавноста излегоа како пар кој освен бакнежи ја дели и одговорноста. Изгледа си земал за право да провери како стојат работите на градилиштето. Сигурно се посомневале дека можеби има фотографи во близина.

Со оглед на тоа дека со месеци ја чуваа романсата во тајност, нејзината нова врска долго ја следеа гласини дека започнала многу порано отколку што се мисли и дека го изневерила Том Брејди со Хоаким. Мајката на 14-годишниот Бенџамин и 11-годишната Вивијан, кои ги имаше во 13-годишниот брак со поранешната ѕвезда на американскиот фудбал (која ја тренираше и нејзиното ново момче), ги демантираше овие гласини.

„Тоа е лага“,изјави поранешниот ангел на  Victoria‘s Secret за The New York Times, додавајќи дека жените често се соочуваат со гласини за изневерување од нивните поранешни партнери.

„Ова е нешто што им се случува на многу жени кои се обвинети дека имаат храброст да излезат од нездрава врска, па затоа се етикетирани како неверни. Тие мора да бидат способни да се справат со нивните заедници и нивните семејства. Се разбира, во мојот случај беше поинтензивно“, заклучи таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi