Кога ќе го отворите фрижидерот, светлото автоматски се вклучува, но многу луѓе се прашуваат зошто има светло во фрижидерот, но не и во замрзнувачот? И замрзнувачот е дел од фрижидерот, се отвора по истиот принцип, но нема сијалица.
Одговорот на ова прашање го даде професорот по економија Роберт Х. Френк од Универзитетот Корнел. Едноставно е – причината се парите.
„Нема светлина во замрзнувачот поради односот цена-бенефит. Трошоците за инсталирање на осветлувањето во замрзнувачот остануваат фиксни, без разлика колку често го отворате замрзнувачот. Придобивката е што полесно ќе ја пронајдете потребната храна. Но, бидејќи луѓето го отвораат замрзнувачот многу поретко отколку фрижидерот, цената е далеку поголема од добивката. Затоа производителите бараат да заштедат пари и да се откажат од таа друга светилка“, вели професорот Френк.
Тој додава дека не е исклучено тоа да се промени, бидејќи производителот ќе види дали пазарот е подготвен да плати за таква добивка.
„Во принцип, изработката на вакви додатоци се воведува кога ќе се процени дека пазарот е подготвен да плати. Како што се зголемува платежната моќ, се зголемува и веројатноста за воведување нови добивки. Соодносот на трошоците и придобивките на тој начин го покажува трендот дека потрошувачите со подлабок џеб наскоро ќе бараат светлина во замрзнувачот и дека производителите ќе им излезат во пресрет“, објасни тој.