Зошто мачките толку сакаат да си го бркаат опашот?

popara17 ноември, 20241min00
Playful,Black,Cat,Indoors,Engaged,In,Tail-chasing,Fun

Дали вашата мачка постојано си ја брка опашката? Ако сте го забележале ова однесување, тоа може да значи дека мачката само си игра, дека е љубопитна или дека е под стрес.

Опашката на мачката е многу истакнат и важен дел од нејзиното тело, со кој мачката испраќа различни сигнали. Така, постојат најмалку 10 различни позиции на опашката и секоја од нив има свое значење, односно пренесува порака.

Така, на пример, високо крената опашка покажува дека мачката е самоуверена и пријателска, а опашката во форма на прашалник исто така пренесува позитивни вибрации.

Од друга страна, опашката меѓу шепите или опашката обвиткана околу телото не значи ништо добро – мачката веројатно е исплашена или не се чувствува добро.

И што значи ако мачка си ја брка опашката?

Постојат неколку различни причини зад ова. Мачките се љубопитни по природа, а бркањето опашка им е омилена игра, особено за помладите.

Опашката може да се тресе, да се движи, никогаш да не можат сосема да ја фатат итн., а сето тоа ја прави многу привлечна. Дополнително, мачките имаат силен ловечки инстинкт и уживаат во бркањето – некогаш од ниедна друга причина освен да ги бркаат своите опашки.

Но, понекогаш мачките ја бркаат опашката едноставно од досада или затоа што имаат премногу енергија што треба некаде да се потроши. Можеби вашата мачка ви кажува дека нема доволно ментална и физичка стимулација и дека треба да одвоите повеќе време за неа, пренесува Метрополитен СИ.

Меѓутоа, понекогаш се случува бркањето со опашка да укажува на посериозни здравствени проблеми за кои е потребна стручна помош.

Однесувањето може да укажува на алергии, проблеми со кожата, инфекции или дури и невролошки проблеми. Затоа, ако забележите дека мачката често го прави тоа или дури и се каснува и се повредува, задолжително консултирајте се со вашиот ветеринар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag