Српскиот психолог, Љиљана Малданер, по повод Светскиот ден на шегата 1 април, изјави дека смеата е најдобриот лек и дека хормоните кои се ослободуваат при смеењето помагаат во био-ревитализацијата на телото, поради што, напоменува таа, потребно е да се смееш.
„Верувам дека стравот е нешто што ни треба во животот бидејќи не води на вистинскиот пат, кога се плашиме од нешто ќе знаеме каде да се свртиме. Меѓутоа, дали состојбата на страв ја намалува радоста и смеата? Дефинитивно ја намалува, како и агресијата. Некаде во Европа децата се учат да се смеат и да се шегуваат и како да се опуштат со помош на смеа“, објаснила психологот Љиљана Малданер.
Психологот Жељко Машовиќ за Танјуг вели дека насмевката физиолошки носи олеснување.
„Она што е проблемот е што дозволивме некои работи кои суштински не се поврзани со нас постојано да не ѕиркаат и притискаат и потоа ја губиме насмевката што треба да ја имаме“, изјави тој.
Ако човек не може природно да се смее на ништо, Машовиќ вели дека Јапонците измислиле школа за смеење каде вежбате и правите гестови за смеење за да го лачите хормонот на среќата.