Интересни факти за Мртвото море во кое никој никогаш не потонал

popara26 април, 20241min00
View,Of,Dead,Sea,Coastline

Мртвото Море, Морето на смртта и Лотското Море се имињата на соленото езеро меѓу Јордан и Израел, кое може да се пофали со соленост од дури 33 проценти.

Мртвото Море е најголемата депресија во светот. Ова солено езеро се наоѓа на околу четиристотини метри под површината на светското море на Блискиот Исток меѓу Јордан и Израел. Длабоко е околу четиристотини метри.

Нивото на водата во Мртвото Море не се зголемува бидејќи е опкружено со пустинска клима со температури од 40 степени Целзиусови во летните месеци, што доведува до големо испарување. Од друга страна, дождовите се многу ретки во тоа подрачје.

Соленоста во Мртвото Море е околу 33 проценти. За споредба, Средоземното Море има содржина на сол од само 3 проценти. И покрај ова, Мртвото Море не е најсоленото езеро во светот. Посолени од него се езерото Асал во Источна Африка (35 проценти сол) и езерцето Дон Жуан на Антарктикот (соленост 40 проценти).

Поради високиот процент на сол, условите за живот во Мртвото Море се многу сурови. Само ретки микроорганизми како што се анаеробните бактерии можат да преживеат во оваа вода.

Солта и минералите во водата се исклучително корисни за здравјето на поединецот, па затоа не е чудно што луѓето кои страдаат од псоријаза и други кожни болести и коскени болести како што се остеопороза и артритис, доаѓаат овде на лекување.

Поради високиот процент на сол, водата е многу густа и го оневозможува пливањето, а никој не може ниту да потоне. Но, тоа не значи дека местото не е опасно.

Спасувачката служба редовно ги предупредува туристите да не пијат вода од езерото бидејќи поголеми количини може да го нарушат балансот на електролити во телото и да доведат до откажување на неколку органи. Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање во вода за да се избегне контакт со сол со очите.

Лековитата кал од Мртвото Море ја користеле древните Египќани за балсамирање мумии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag