Интересни факти за Мртво море

popara16 март, 20241min00
Screenshot_11

Мртво Море, Морето на Смртта и Лотово Море се имињата на соленото езеро што се наоѓа помеѓу Јордан и Израел, а познато е по својот салинитет од дури 33 проценти. Еве по што е интересен овој редок природен феномен.

 

 

 

 

  1. Мртвото Море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа на околу 400 метри под површината на светското море, на Блискиот Исток. Неговата најголема длабочина изнесува околу 400 метри.

 

  1. Нивото на водата во Мртвото Море не расте затоа што околу него владее пустинска клима, со температури од 40 Целзиусови степени во летните месеци, која предизвикува значително испарување. Од друга страна, дождовите се многу ретка појава на ова подрачје.

 

  1. Салинитетот на Мртвото Море изнесува околу 33 проценти. За споредба, салинитетот на Средоземното Море изнесува околу 3 проценти. И покрај тоа, Мртвото Море не е најсоленото езеро на светот. Посолени се Асалското Езеро во Источна Африка (35%) и Дон Жуан Понд на Антарктикот, со салинитет од 40%.

 

  1. Поради високиот процент на сол, условите за живот во Мртвото Море се многу сурови. Во таа вода можат да преживеат само ретки микроорганизми, како анаеробни бактерии.

 

  1. Солта и минералите во водата имаат исклучително позитивно влијание врз човечкото здравје, па затоа не зачудува фактот дека уште од времето на Херодот тука се лекувале лица што боледувале од псоријаза и други кожни заболувања, како и болести на коскениот систем, како остеопороза и артритис.

 

  1. Поради високиот процент на сол, водата е многу густа, па го оневозможува пливањето, а и никој не може да потоне. Сепак, тоа не значи дека ова место е безопасно.

 

Спасувачките служби редовно ги предупредуваат туристите да не пијат вода од езерото затоа што поголеми количини можат да ја нарушат рамнотежата на електролитите во организмот и да доведат до откажување на неколку органи. Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање во водата за да се избегне контактот на солта со очите.

 

  1. Лековитата кал од Мртвото Море ја користеле старите Египќани за балсамирање на мумии.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag