Италијанскиот регион Тоскана се обидува да привлече нови жители со грантови во износ од 10.000 до 30.000 евра.
Имено, Италијанците нудат пари за помош за покривање на трошоците за купување и реновирање на куќа, а за овој поттик на располагање се 76 градови и села, пишува CNBC.
Грантовите од Тоскана се доволни за покривање до 50 отсто од трошоците поврзани со купување и реновирање на куќи во градовите со помалку од 5.000 жители. Просечната цена за купување куќа во најевтината провинција Тоскана, Пистоја, е 1.472 евра за метар квадратен.
Апликантите мора да бидат италијански државјани, државјани на Европската унија или граѓани кои не се членки на ЕУ со дозвола за долгорочен престој и мора да се регистрираат како жители во италијанскиот град по свој избор.
Заинтересираните можат да се пријават овде, а рокот за пријавување е 27 јули.
Италијанското Министерство за животна средина објави студија од 2016 година која покажува дека речиси 2.500 градови се толку населени што нема да преживеат повеќе од 25 години. Минатата година Си-Ен-Ен објави дека во земјата има околу 6.000 напуштени села.