Со овој трик марулата останува свежа и до една недела.
Може да биде многу фрустрирачки кога зелената салата ќе почне да се расипува во рок од неколку дена по купувањето. Можеби изгледа очигледно да се чуваат листовите од зелена салата во фрижидер, но поради високата содржина на вода, овие зеленчуци брзо венеат ако се остават во нивната оригинална амбалажа.
Готвачката и основач на блогот за рецепти, Емили Рафа, открила брилијантна техника за чување салата која трае само десет минути и ќе ја одржува свежата зелена салата до седум дена.
„Многу лесно се прави, заштедува на отпад, а на дофат можете да имате готова салата секој ден во неделата“, објасни готвачот.
Првото нешто што треба да направите е да ја измиете и исушите зелената салата, бидејќи така ќе ги отстраните бактериите од површината кои можат да предизвикаат мувла. Наполнете чист мијалник со вода, затворете го одводот и ставете ја салатата. Потоа, оставете ги листовите да киснат додека нечистотијата не отиде до дното на мијалникот. После тоа, исушете ги темелно во центрифуга за салата или ставете ги листовите на чиста кујнска крпа и исушете ги со друга крпа. Пред да ја ставите марулата во фрижидер, мора да биде целосно сува за да се избегне брзо расипување и формирање на мувла.
„За складирање, обложете го дното на фиоката во фрижидерот со кујнска крпа и ставете ја марулата внатре. Не преполнувајте ја фиоката. Одозгора ставете хартиена крпа за да ја впие вишокот на влага. Чувајте го во фрижидер додека не се подготвите за употреба. Толку е едноставно“, објаснила Емили.
Клучот за спречување на расипување и раст на мувла на зелената салата е да се намали количината на влага каде што се чува зелената салата. Зелената салата природно испушта вишок влага поради високата содржина на вода, така што ако ја чувате со нешто што впива ќе и помогне да остане свежа многу подолго. На овој начин, вашата салата ќе остане свежа и крцкава до една недела.