Кога мислите на јавен превоз, убавите уметнички дела не ви паѓаат баш на ум. Посебно метрото, кое е главно валкано и уништено. Но Metro Toledo,во Неапол не е обично метро. Долго време е украсено со неверојатен дизајн кој го претвора во нереална глетка. Доколку некогаш патувате во Неапол, не смеете да го пропуштите.
Најимпресивното метро во Европа
Неаполското метро е веќе познато по тоа што се вложува труд во неговиот изглед. Пред неколку години, градот започна проект наречен Уметнички станици на метрото во Напол, чија цел е да го претвори метрото во Неапол во вистинска галерија. Така, во рамките на проектот, урбаните делови на градот станаа многу поатрактивни, а една од нив е станицата Toledo, која сега го одзема здивот на посетителите. Таванот и ѕидовите околу ескалаторот се украсени со мозаик од различни нијанси на сини и виолетови плочки, кои создаваат чувство дека сте во вселената и гледате во ѕвездите. Чувството дополнително се зголемува со трепкачките светла кои го осветлуваат преминот и скалите. Има и една голема дупка на таванот што го менува светлото од кралско сино во зелено.
На уметничкото дело работеа неколку дизајнери, меѓу кои: Вилијам Кентриџ, Боб Вилсон, Франческо Клементе, Илја и Емилија Кабаков, Ширин Нешат и Оливиеро Тоскани. Не им требаше долго време на експертите и јавноста да го прогласат Metro Toledo за најимпресивното метро во Европа, па дури и во светот.
Фотогенично место
Неодамна прекрасниот дизајн на метрото стана вистински хит на социјалните мрежи. Уметничкото дело е одлично за фотографирање, а чувството е уште повпечатливо кога се качувате и спуштате по ескалаторите. Денеска решивме да го издвоиме Metro Toledo како уникатно место за посета, но и останатите станици на метрото во Неапол се опфатени со различни уметнички дела. Секоја станица е приказна за себе и негува тема поврзана со градот. Така, станицата Toledo со своите бои наликува на синилото на нивното море.
Watch on TikTok